MyHummy

Сега кога станавте родители, знаете дека вашето малечко се смирува, заспива и потоа мирно спие со смирувачкиот звук на саканиот Шумиш. Сепак, нашите малечки растат многу брзо, додека да трепнеш. Што со белиот и розов шум? Колку долго може да се користи ова плишано мече?

Четвртиот триместар

Имајќи ги предвид реалните развојни потреби на бебето постои теорија дека истото се раѓа 3 месеци порано. Сепак, големината на бебето во 40-та недела од бременоста и нивните метаболички потреби предизвикуваат потреба да се промени животната средина од утробата на мајката во надворешниот свет.
Според д-р Харви Карп, светски познат педијатар и експерт за детски развој, новороденчето во моментот на раѓање не е подготвено да се справи со сите стимули кои доаѓаат од надворешниот свет. На новороденчето му е потребно време да се прилагоди и тоа трае најмалку 3 месеци, па оттука и терминот „четврти триместар“.

Белиот и розов шум може да помогне и повторно да се создаде познатата средина на која бебето е навикнато додека било во мешето на мама и да ја олесни транзицијата кон големиот свет. Во својата теорија за „5С“, д-р Карп ги наведува петте клучни елементи за смирување и задоволување на најмладите бебиња. Тоа се: 1. Повивање, 2. Странична или стомачна положба, 3. Шуш, 4. Нишање, 5. Цицање.

Правата година

Нервниот, дигестивниот и циркулаторниот систем на бебето сè уште се развиваат. Физичката блискост на родителот што создава чувство на сигурност и правилната количина на сон играат клучна улога во развојот на бебето.
Затоа е сосема природно да се продолжи со користење на „5С“ методот, вклучително и „замолкнување или на англиски – shushing“, за доенчиња над 3 месеци.

Soothing help

Првите денови во големиот свет за бебето може да бидат поразителни. Замислете – безбедното мало меурче на кое се навикнале повеќе го нема поради што бебето може да се чувствува збунето и изгубено. Се препорачува на почетокот контакт кожа со кожа за да им помогне да се чувствуваат безбедно и сакано, како и да им помогне во нивниот развој.

Звуците што ги емитуваат myHummy Шумишите вклучуваат бел и розев шум, како и чукање на срцето и звук на бранови. Овие звуци се внимателно избрани и со оглед на тоа што наликуваат на звуци што ги бебињата ги слушале во утробата на нивната мајка, честопати играат голрма улога во повторното создавање на познатата средина и им помагаат на новороденчињата мирно да заспијат.

За некои постари деца, заспивањето повремено може да биде и незгодно – особено по денови полни со возбуда и нови искуства. Всушност, белиот и розов шум може да имаат смирувачки ефект врз луѓето од сите возрасти. Затоа, не треба да изненадува кога ќе видите дека вашето бестрашно предшколче посегнува по својот сакан myHummy Шумиш по напорниот ден од играње наоколу!
myHummy шумечките мечиња ќе бидaт пријател со годините што доаѓаат❤️