MyHummy

Ура! Вашиот Шумиш конечно пристигна и сигурно ќе биде смирувачки пријател за вашето малечко! Кога треба да започнете со користење на Шумишот како дел од вечерните ритуали на бебето?

 

Авантурата започнува

Изгледајќи исцрпени и среќни во исто време, прилично лесно е да се забележат новите родители?. Меѓутоа, во многу случаи, со секоја измината недела нивната радост постепено се засенува со постојаниот недостаток на сон.

За разлика од возрасните, новороденчињата имаат непостоечка рутина и им е тешко да разликуваат ден и ноќ. Додадете на ова деноноќно хранење(што може да биде и дури на секои 20 минути!) и ќе ја добиете сликата. Голем број од малите бебиња можат да спијат вкупно 16-20 часа дневно, но за нив ноќта не е посебно време за одмор.

 

Шумечки мир

Во првите месеци од животот на бебето, родителите го прилагодуваат својот животен стил на потребите на бебето и целата рутина на семејството се превртува наопаку. Ова е сосема нормално и со текот на времето новото семејство ќе го најде распоредот што одговара на сите.

Белиот и розов шум може да им помогне на бебињата да заспијат и мирно да спијат уште од првиот ден. Според д-р Харви Карп, светски познат педијатар и експерт за развој на детето, звуците на шум се еден од клучните пет елементи неопходни за правилен развој на новороденчињата и доенчињата. Останатите четири се повивање, положба на страна или стомак, нишање и цицање.

 

Разликата помеѓу ден и ноќ

Рутината е популарен начин да му помогнете на бебето да се прилагоди на дневниот и ноќниот распоред на остатокот од семејството. Бидејќи овие активности се повторуваат, со текот на времето вашето малечко ќе може да ги поврзе со конкретни настани.

На пример, наутро се отвораат завесите, се вклучува радиото и сите се подготвуваат да го започнат денот. Вечерната рутина може да вклучува смирувачка, релаксирачка музика, бања, масажа со масло и пригушено светло.

 

Шумот на мечињата зрачат мир и спокој

Звуците емитувани од Шумишите вредат да ги додадете во вашите рутини како безбеден метод за да му помогнете на детето да заспие и да нагласите дека сега е време да се опуштите. Бидејќи секое бебе е различно, тие различно ќе реагираат на бел и розов шум. За некои од нив тоа ќе биде знак да заспијат додека да трепнете, додека за други ќе помогне за постепено опуштање и бавно заспивање.

За време на вашата вечерна рутина, можете да го поставите Шумишит да емитува меки звуци со мала јачина, обезбедувајќи смирувачка позадина до крајот на денот. Можете исто така да изберете звукот на брановите да свири само за време на бањање и релаксирачка масажа. На овој начин, бебето ќе почне да го поврзува звукот со ноќниот одмор.